Сцена
Улрих Зајдл: Мојот престој во Скопје на „Киненова“ ќе го искористам да гледам македонски филмови
Австрискиот режисер Улрих Зајдл годинава доаѓа на МФФ Киненова.
Роден е во Виена, Австрија во 1952 година. Студирал филм на Филмската академија во Виена. Неговиот краток документарен филм ТОПКАТА (1982) за малку ќе довел до негово исфрлање од филмското училиште, како поради „морално и етички сомнителната“ содржина на филмот (се сметало дека во него ги исмева своите субјекти) така и поради неговата форма: Зајдл беше обвинет за презентирање на неизмонтиран филм.
Пред да режира наративни играни филмови, Зајдл ги режираше наградуваните документарни филмови: ДОБРА ВЕСТ (1990), ЉУБОВТА НА ЖИВОТНИТЕ (1995) и МОДЕЛИ (1998). ИСУС, ЗНАЕШ (2003) беше премиерно прикажан во официјалната конкуренција во Карлови Вари, каде ја освои наградата за најдобар документарен филм, додека ВО ПОДРУМ (2014) и САФАРИ (2016) беа прикажани вон конкуренција во Венеција.




