Сцена
Хрватска театарска вечер во Битола
По повод Денот на Хрватскиот Парламент, во Битола беa изведени претставите „Децата од Павловата улица“ од Ференц Молнар и „Љубов на прв поглед“ од Фадил Хаџиќ, двете во режија на Силвио Стилиновиќ, во изведба на Младинскиот сатиричен театар од Славонски Брод, Хрватска.
Гостувањето беше во организација на МХД.Хрватски културен центар „Марко Марулиќ“, Битола. Ова гостување е во рамките на програмата низ целата година за одбележување на 30 години од постоењето на Хрватскиот културен центар. Присутните ги поздрави претседателот на истиот, Бранко Маретиќ кој истакна:
„Целата наша програма е создадена со цел оние кои ќе дојдат на нашите настани, да се запознаат малку повеќе со хрватското културно наследство, хрватскиот јазичен идентитет. Битолчани и оние од другите градови и општини, преку овие настани можат да се доближат до хрватската култура и начин на живот и да ги видат заедничките карактеристики и однесувања, но и разликите кои ја збогатуваат една култура. И двете се неопходни за развој на дијалогот и разбирање меѓу народите на двете земји, а пред се културна размена и збогатување“.








