Вечерва две светски премиери на Дарија Андовска во Токио и Скопје
Вечерва, во Tokyo Opera е светската премиера на „Сношти минав“ за тенор, гудачки оркестар и пијано од Дарија Андовска.
Композицијата е напишана за нашиот светски реномиран тенор, Благој Нацоски, кој ќе ја изведе со Tokyo Vranec Chamber Orchestra, под диригентската палка на нам веќе многу познатиот љубител на македонска музика, господинот Kazuhiro Kotetsu, на концертот по повод 30 години дипломатски односи помеѓу Македонија и Јапонија.
Исто така вечерва, во Скопје е светската премиера на „Со маки сум се родила“ за сопран, флејта и пијано од Дарија Андовска.




