Музика
Светска премиера на дело од Дарија Андовска во Луцерн, Швајцарија
Македонските уметници – пијанистката Ана Велиновска и композиторката Дарија Андовска, се рамо до рамо со светските имиња на Академијата за современа музика 2023.
Вчеравечер, 24.2.2023 година, во концертната сала Solquin во Луцерн, Швајцарија, на завршниот концерт на Академијата за современа музика 2023, светска премиера имаше делото „Songs of winds, roots and scattered storms“ од македонската композиторка Дарија Андовска, во изведба на извонредната македонска пијанистка Ана Велиновска, за која е напишана оваа композиција и на која и’ е посветена.
Изведбата на композицијата предизвика одушевување и овации кај публиката.




