Настани
ЅВЕЗДИТЕ НА ЕГЗИТ ЕДНОГЛАСНИ: „Ова беше магичен фестивал!“
И се случи магија!
Фестивалското лудило на Петроварадин заврши, но импресии никако не стивнуваат. Едно е сигурно – и посетителите, но и настапувачите беа фасцинирани од магичното 16-то издание на најдобриот европски фестивал Егзит.
Францускиот хитмејкер Дејвид Гета, кој од тврдината директно отпатува во Париз на затворањето на Европското првенство во фудбал, на крајот на шоуто рече „Фала ви Егзит, секогаш сум уживал овде, но оваа година сте подобри од било кога!“.




