Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Канскиот филмски фестивал има нови правила за црвениот тепих

Магазин

Канскиот филмски фестивал има нови правила за црвениот тепих

Започнува Канскиот филмски фестивал и првото претставување на филмови кои најверојатно ќе се најдат на листите на други фестивали, но и во номинациите за следната сезона на филмски награди. Во наредните недели, францускиот брег станува срце на поп-културата, кое го посетуваат апсолутно сите релевантни ѕвезди на нашето време, честопати облечени во екстравагантни и гламурозни фустани и модни комбинации. Сепак, оваа година ситуацијата на црвениот тепих ќе биде малку поинаква од претходните.

Канскиот филмски фестивал започнува вечерва, а новите правила значат дека дамите ќе мора повнимателно да ги избираат своите свечени облеки.

Непосредно пред отворањето на Канскиот филмски фестивал, организаторите одлучија за построги правила за облекување на црвениот тепих, пишуваат странските медиуми.

Маркетинг

Во изминатите години, некои учеснички привлекоа големо внимание избирајќи ги таканаречените „голи“ фустани. За да се обезбеди поголема „пристојност“, организаторите одлучија да ги забранат ваквите модни комбинации оваа година.

Во официјалниот документ за правилата на однесување за време на програмата, на страницата на Канскиот филмски фестивал, беше објавено следново:

„Од причини на пристојност, голотијата е забранета на црвениот тепих, како и во кој било друг дел од Фестивалот. Обемна облека, особено онаа со голем влечен дел, која го попречува правилниот проток на гостите и комплицирано седење во театарот, не е дозволена. Тимовите што ќе ги пречекуваат гостите на фестивалот ќе бидат задолжени да им забранат пристап до црвениот тепих а сите кои нема да ги почитуваат овие правила.“

Сè уште не е познато дали телевизиските станици, кои го емитуваат настанот, имале влијание врз оваа одлука.

За потсетување, 78-то издание на фестивалот ќе се одржи од 13 до 24 мај.

Повеќе од Магазин

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.