Сцена
За Британците Кара Делевињ е икона на убавината
Во едно истражување каде учествувале илјада Британци, на возраст меѓу 18 и 65 години, побарано е од сите учесници да се изјаснат за три славни убавици, кои според нив се икони на убавината, како и нивните најпрепознатливи карактеристики.
По ова истражување, број 1 е 24-годишната манекенка Кара Делевињ, која е позната по нејзините густи веѓи.
Второ место освои легендарната Мерилин Монро, а трета Ким Кардашијан.




