Сцена
Менаџерот на Леонард Коен откри: Познатиот пејач починал во сон
Менаџерот на Леонард Коен, Роберт Кори откри дека познатиот музичар починал во сон, ноќта на 7 ноември.
Коен почина во својот дом во Лос Анџелес, а како што стои во соопштението објавено на Би-Би-Си, неговата смрт била „ненадејна, неочекувана и мирна“.
Јавноста за смртта на пејачот дозна три дена подоцна, на 10 ноември, по неговиот погреб.




