Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ЈАНЕВСКИ: Победивме со квалитет, а не со среќа

Спорт

ЈАНЕВСКИ: Победивме со квалитет, а не со среќа

Македонскиот фудбалски шампион Вардар со две победи успеа да го елиминира турскиот тим Фенербахче и да се пласира во групната фаза од Лига Европа. По скопските 2:0, Вардар синоќа во Истанбул славеше победа од 2:1.

– Најголеми честитки за моите фудбалери, кои се изборија за првпат македонски тим да игра групна фаза. Победивме голем тим и тоа во два наврати. Победивме не со среќа, туку со квалитет. Ова многу значи за нас и за македонскиот фудбал. Посебни заслуги одат на сметка на нашиот сопственик Сергеј Самсоненко, кој вложува многу и во инфраструктура и во квалитетни играчи. Вардар е гордост македонска. Никаква екстра премија не може да го замени овој историски успех. Само тоа не интересираше и тоа го остваривме, изјави по натпреварот тренерот на „црвено-црните“ Чедомир Јаневски.

Голема борба на теренот водеа сите играчи на Вардар за да го постигнат овој историски успех.

–  Одлично ги исполнивме зададените задачи од тренерот и заслужено се пласиравме во следната фаза. Мислам дека не беше ништо на среќа. Испишавме историја која долго ќе се памети, изјави Бобан Николов.

Вардар е рангиран во четвртиот „шешир“ за денешното извлекување што ќе се одржи во Монте Карло.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Спорт

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.