Останато
Виз Ер Скопски маратон го отвора пријавувањето за 2018
Организаторите на Виз Ер Скопски маратон ја започнаа организацијата на еден од најмасовните и најпопуларните спортски настани во Македонија и пошироко.
Датумот на одржувањето на маратонот е 6ти мај 2018 година, а од четврток, 14.09.2017, со почеток во 10.00 часот официјално започнува и пријавувањето на учесниците. Секој кој ќе се пријави во првите 4 дена, до недела, 17.09.2017, ќе може да си го одбере својот омилен стартен број.
Пријавувањето и регистрацијата за Виз Ер Скопски Маратон 2017 ќе може да се изврши преку официјалната веб страна на Виз Ер Скопскиот Маратон, www.skopskimaraton.com.mk како и преку партнерот за онлајн регистрација на Виз Ер Скопски Маратон, www.smartrace.club.

