Кошарка
Коби Брајант и неговата ќерка Џиана загинаа во хеликоптерска несреќа
Легендарниот поранешен кошаркар во НБА, Коби Брајант, загина вчера во хеликоптерска несреќа во Калифорнија.
Според американски медиуми, се урнал приватниот хеликоптер на Брајант (41), а во леталото имало уште најмалку три други лица. Несреќата во близина на Лос Анџелес никој не ја преживеал, нагласуваат американските медиуми.
Трагичната вест ја објави сајтот TMZ, кој стигна до информации дека Коби патувал со најмалку три други лица и дека сите биле пронајдени мртви. Коби, кој е еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, беше во брак со Ванеса Брајант и татко на четири девојчиња – Наталија, Џиана, Бјанка и Капри.



