Млад фудбалер на Челси ограбен додека играл меч од Лигата на шампиони, останал без медалите
Младиот фудбалер на Челси, Рис Џејмс на својот Инстаграм профил објави видео на кое се гледа како крадци го ограбуваат неговиот дом.
Грабежот во неговата куќа се случил во вторникот додека тој го играл натпреварот за својот тим против Зенит во моменти кога во неговиот дом немало никој.
Англискиот репрезентативец откри дека во сефот кој е украден се наоѓале сите медали кои тој ги освоил во клупската кариера меѓу кои и последните од Лигата на шампионите како и оној освоен со Англија од Европското првенство каде „Гордиот Албион“ заврши на второто место.




