Спорт
На Светското првенство во Русија ќе се игра со редизајнирана топка од 70-те
Првата официјална фотографија од топката со која ќе се игра на Светското првенство следното лето во Русија, се појави на официјалните мрежи.
Најдобрите светски фудбалски селекции ќе играат со редизајнирана топка под името „Телстар“, со која се играни две Светски првенства – 1970 и 1974 година.
Станува збор за топка од марката Адидас, која е многу едноставно дизајнирана.




