Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Пријавете се за трката HalkEco Скопје Трча 10КМ!

Спорт

Пријавете се за трката HalkEco Скопје Трча 10КМ!

Пријавете се за трката HalkEco Скопје Трча 10КМ!

Уште четири дена можност за пријавување на трката HalkEco Скопје Трча 10КМ. Сојузот на спортови на Град Скопје, заедно со Атлетскиот Клуб „Работнички“ од Скопје и насловениот спонзор HalkBank, ги повикуваат сите љубители на спортот и трчањето кои сѐ уште не се пријавиле, да го направат тоа најдоцна до петок, 4ти јуни 2021 година.

Долгоочекуваната трка HalkEco Скопје Трча 10КМ, по една година пауза, ќе се одржи на 13 јуни 2021 година. Стартот и целта на трката се планирани да бидат на булевар Илинден, во близина на фонтана Лотус, со што ќе се трча по булевар Илинденаска и дел од булеварот Партизански Одреди.

Трката ќе биде комплетно организирана според безбедносни протоколи и препораки утврдени од Владата и Комисијата за заразни болести, со цел заштита на учесниците и организаторите, а тркачите ќе бидат распоредени во 5 стартни боксови, според таргет времето кое го имаат избрано. Во секој стартен бокс ќе мора да има растојание помеѓу тркачите од 1,5 метар, а носењето на заштитна маска ќе биде задолжително цело време, освен за време на трката.

За подетални информации поврзани со трката и пријавувањето, посетете ја веб страницата на HalkEco Скопје Трча 10КМ https://www.skopje.run/.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Спорт

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.