Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Скопје ќе биде домаќин на 87 тенисери од 24 земји

Спорт

Скопје ќе биде домаќин на 87 тенисери од 24 земји

Маркетинг

Скопје ќе биде домаќин на 87 тенисери од 24 земји

Во организација на Тениска Федерација на Северна Македонија (ТФСМ), а како дел од предвидените активности во рамки на Интернационалната Тениска Федерација (ИТФ), во период од 29. мај до 13. јуни 2021 година, на терените на Тенискиот Клуб “Југ“ – Скопје ќе се одржат два турнири – дел од Светската Тениска Турнеја (World Tennis Tour), популарни како Фјучерси.

“Ни претставува вистинско задоволство, а истовремено и предизвик, во краток временски период како Федерација да сме домаќини на неколку важни случувања од областа на тенисот. Пред сѐ ни претстојат два турнири – дел од Светската Тениска Турнеја во чии рамки учество ќе заземат голем број интернационални тенисери. Потоа, како дел од познатиот Дејвис Куп, ќе бидеме домаќини на тениските натпревари од четвртата група од која е дел и нашиот домашен “Цевитана“ тим. Ова е важен момент за Тениската Федерација на Северна Македонија затоа што покрај промоцијата на тенисот како спорт и неговиот развој во земјата, истовремено работиме на приказ на нашите капацитети за организација на ваков тип настани со задоволување на сите протоколи за заштита на јавното здравје за време на пандемија. Ова е еден од првите, ако не и прв спортски настан кој се организира кај нас по прогласувањето на Ковид-19 пандемијата, а во чии рамки ќе присуствуваат и претставници од странство. Верувам дека сме исправени пред предизвикот достоинствено да ги пречекаме тенисерите од голем број земји со што воедно и заеднички ќе го етаблираме тенисот како спорт во нашата земја.“ – изјави г-дин Александар Ивановски, Претседател на Тениската Федерација на Северна Македонија.

Во рамки на двата турнири, именувани како “Multi Essence 2021” и “Premium – Acibadem Sistina”, учество ќе заземат 87 тенисери од 24 држави: Италија, Аргентина, Полска, Франција, Чешка, Бугарија, Словенија, Белгија, Холандија, Црна Гора, Хрватска, Германија, Велика Британија, Австралија, Ирска, Соединети Американски Држави (САД), Чиле, Романија, Русија, Унгарија, Јапонија, Србија и Северна Македонија. Од нив, вкупно 63 ќе играат за 8 позиции во главниот турнир, додека 24 тенисери директно играат на главниот турнир.

Од домашните тенисери во главниот турнир учество ќе земат Горазд Србљак, Калин Ивановски, Томислав Јотовски и Берк Бугариќ. Во квалификациите, за влез во главниот турнир ќе се борат Димитар Грабул, Обрад Марковски, Иван Манасов, Стефан Мицов, Бесир Дургути, Шендрит Деари, Фидан Агуши, Дарко Колевски, Стефан Чаловски, Лука Андонов, Ѓорѓи Јанкуловски, Елдин Хусеиновиќ и Борјан Стефановски.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Спорт

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.