Останато
„Skopje Run 10K“ го исполни Скопје со позитивна енергија (ФОТО)
За само две години Skopje Run 10K успеа да го поттикне трчањето и во овој период од годината. Тоа беше очигледно и од бројот на луѓето кои се појавија на стартот на самата трка.
Бројот на учесници беше дупло поголем од минатата година и 1.600 луѓе го исполнија Скопје и бул. Илинден со многу позитивна енергија. Ова е уште еден рекорд за тимот на Виз Ер Скопски маратон, Сојуз на спортови на Скопје, кои секоја година успеваат да се надминат себеси и да остават печат врз здравиот начин на живеење во Македонија.
На Skopje Run 10K во машката категорија прв заврши Дарио Ивановски со 32:04 минути, втор беше Дејан Атанасов со 32:47 минути, трет беше Атанас Анчевски со 33:28 минути. Од женските прва беше Адријана Поп Арсова со 38:28 минути, второто место го зеде Милјана Ристиќ со 39:06 минути и на третото место заврши Биљана Кираџиева со 39:59 минути.




