Останато
ХЕРОЈ НА ДЕНОТ: 12-годишниот Марко го преплива Охридското Езеро
Дванаестгодишниот Марко Пејчиноски доцна попладнево, по повеќе од 9 часа пливање, го преплива Охридското Езеро.
На Градската плажа во Охрид беше пречекан со силен аплауз од илјадници граѓани.
Марко има доживеано инфаркт на коска на долни екстремитети, но тоа не го спречило да продолжи да се занимава со омилениот спорт – пливањето и да ја исполни големата желба, да го преплива Охридското Езеро.

