Uncategorized
ФХ3Х дел од петтото продолжение на Терминатор – „Terminator Genisys“
Македонското студио за анимација и визуелни ефекти ФХ3Х учествуваше во креирањето на визуелните секвенци на петтото продолжение на СФ-акцијата Терминатор, во која и овојпат во насловната ролја настапува Арнолд Шварценегер.
Кристијан Даниловски, ко-сопственик на студиото ФХ3Х изјави дека на филмот биле ангажирани за изработката на седум секвенци, во период од два месеца со екипа од 20 артисти. Тој е особено горд на соработката на овој проект и ја смета како потврда за квалитетот на нивната работа бидејќи компанијата соработуваше и учествуваше и на претходниот проект, Terminator Salvation, и, вели, таа соработка продолжува и понатаму.
– Многу значи работата на ваков култен серијал кој има толкав број фанови низ целиот свет, почнувајќи од првиот дел The Terminator, кој беше прикажан во 1984 година, и кој заработи 78 милиони долари и кој споредбено со последниот и вториот дел заработи 371 и 519 милиони долари. Очекувањата за петтиот дел се навистина големи, и особено е интересно што во него има големи промени во однос на Терминатор-митологијата, изјави Даниловски.


