Uncategorized
Финале на серијалот претстави „Весела училница со Маша и Медо“ на 7-ми јуни во МОБ
По Битола, Охрид, Гевгелија, Струмица, Кавадарци и Велес, време е за големата завршница на детскиот едукативен караван на мултимедијалниот проект “Весела училница со Маша и Медо”, во Скопје на 7ми јуни (недела) во МОБ.
Поради големиот интерес, во Скопје ќе се одржат две претстави. Првата на 7ми јуни од 12 часот, а втората истиот ден од 15 часот. Училишниот двор на “Еуролинк” ќе биде поставен во фоајето на МОБ од 11 часот, во него дечињата ќе може да се фотографираат со картолина Маша и Медо, но и активно да учествуваат во низа интерактивни игри, од кои особено интересна е “Не лути се Доми”, каде децата ќе бидат во улога на фигури и ќе се движат по големо платно во манир на познатата игра “Не лути се човече”.
Цените изнесуваат 150 денари за една влезница со подарок една боенка, со која резервирате само едно седиште во салата. Седиштата ќе бидат нумерирани.


