Uncategorized
Сити мол традиционално по втор пат се претвора во Спортски град
И оваа година, по втор пат Скопје Сити Мол се претвора во Спортски град. Концептот „Спорт Сити” е насочен кон промоција на спортот и здравиот начин на живеење.
Со овој настан се овозможува поголема заинтересираност за спортот, воедно и поттик на младите за се почесто да го практикуваат.
Настанот ќе се одржи во времетраење од три дена (05-07 јуни 2015год), проследени со богата програма и многу активности, а сите кои сакаат да го посетат се добредојдени.


