Uncategorized
Владата целосно ќе ја покрие штетата на објектите во Куманово
Комисијата за проценка на штетите составена од членови на Владата на и Општина Куманово од денеска започна проценка за утврдување на материјалните штети на недвижниот и движниот имот во населбата „Тоде Мендел“ во Куманово на местото каде викендот се одвиваше полициска акција, соопшти Министерството за транспорт и врски.
Акциски план за постапување по синоќешните заклучоци од Владата за формирање на Комисијата е донесен на денешната средба во општина Куманово на министрите за транспорт и врски и за локална самоуправа Миле Јанакиески и Лирим Шабани.
Владата на последната седница одлучи да се изврши обештетување во висина од 100 проценти од проценетата штета на терен.


