Вести
8.500 луѓе трчаат денеска на Скопскиот мараон
Во Скопје денеска се одржува 13. Виз Ер Скопски маратон на кој се пријавени над 8.500 учесници од 51 држава – годинава илјада повеќе од претходното издание на маратонот.
За време на одржувањето на маратонот автобусите на Јавното сообраќајно претпријатие ќе возат со изменет сообраќаен режим, а учесниците на Скопскиот маратон кои имаат и носат стартни броеви на маичките ќе можат да се возат бесплатно.
Манифестацијата е финансиски поддржана од Град Скопје со 1.200.000 денари, а на располагање се ставени сите јавни претпријатија кои се под интегенција на Град Скопје.



