Актуелно
Последна шанса за пријавување на Виз Ер Скопски маратон 2023
Полека, но сигурно наближува најголемиот спортски настан за оваа година. Уште 12 дена нѐ делат од најпознатата трка во Македонија и на Балканот, Виз Ер Скопски маратон, кој ќе се оддржи по 19ти пат. Маратонот е сертифициран од страна на АИМС и Светска атлетика и е дел од квалификациските трки за Светско првенство во старосни категории, под капата на ABBOTT WORLD MARATHON MAJORS, кое ќе се одржи во Чикаго на 8 октомври оваа година.
Сите заинтересирани тркачи, кои сè уште не се пријавиле на настанот, тоа можат да го направат заклучно со 20ти септември 2023 на официјалната страна на Виз Ер Скопски маратон http://skopskimaraton.com.mk/prijavuvanje/.
19то издание на Виз Ер Скопски маратон, ќе се оддржи во недела на 01.10.2023 година со традиционалните трки, кои се дел од оваа спортска манифестација. Стартот на маратонот ќе биде пред Собранието на Р. Македонија, додека целта ќе биде Плоштадот „Македонија“. Стартот на сите трки ќе биде во 08:00 часот.




