Актуелно
АЕК на Табановце ќе ги информира граѓаните за пониските цени за роаминг
Граѓаните кои патуваат во соседните земји каде се спроведува одлуката за пониски цени во роаминг, денеска на граничниот премин Табановце ќе бидат информирани за условите и начинот на користење на роамингот.
Надлежни од Агенцијата за електронски комуникации и директорот на Агенцијата Роберт Ордановски ќе информираат за новите поволни цени, како за начинот на избегнување на високите сметки кои се чести при патувањето.
Одлуката за пониски цени во роаминг во мобилната телефонија помеѓу Македонија, Србија и Босна и Херцеговина и Црна Гора почна да се применува од вчера.



