Актуелно
„Агрофуд“ од 1 до 4-ти октомври на Скопски саем
Македонска традиционална зимница и органски производи по промотивни цени, ќе понуди годинашниот „Агрофуд“ што ќе се одржи на Скопски саем од 1 до 4-ти октомври годинава.
Како што беше речено денеска на прес-конференција, манифестацијата која се организира 65-та година по ред, покрај промотивен, ќе има и продажен карактер.
Ќе се претстават компании од конзервната индустрија, земјоделската механизација, индустријата за амбалажирање и пакување, како и од областа на производство на опрема за прехранбена индустрија, а ќе бидат организирани и Денови на дегустација и продажба на органски производи, Денови на дегустација и продажба на македонска зимница, како и дегустација и продажба на млечни и сувомесни производи.



