Вести
АХВ: Стафилокока најдена во макароните, кај куварот, послужувачот на храната и работните површини
Стафилокока ауреус во макароните, кај куварот и кај лицето што ја послужувало вечерата, е причина за минатонеделното труење на вработените, вкупно 120, во фабриката Леар.
Ова го потврди денеска Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) откако ги доби резултатите од извршените лабораториски испитувања на земените мостри од храна и брисевите од работните површини од кујната на објектот каде се подготвувала храната за потребите на фабриката од Тетово и од мензата.
Според АХВ, поднесена е прекршочна пријава против операторот со храна, а најверојатно ќе биде поднесена и кривична пријава.


