Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

44. ИФФК „Браќа Манаки“: Објавени три повици за аплицирање за дел од програмите на Фестивалот

Актуелно

44. ИФФК „Браќа Манаки“: Објавени три повици за аплицирање за дел од програмите на Фестивалот

Најновото 44. издание на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“, организиран од Друштвото на филмски работници на Македонија,  традиционално и оваа година ќе се оддржи во Битола во септември.

Објавени се три повици за аплицирање за дел од програмите на годинешниот фестивал. Заинтересираните (студенти и искусни професионалци) може да аплицираат со кратки, студентски и документарни филмови на повикот кој ќе биде отворен до 26 јуни.

Се очекува, во август, веќе да бидат познати резултатите од направената селекција.

Повеќе информации поврзани со критериумите за аплицирање ќе најдете на веб страната на Фестивалот (https://www.manaki.com.mk/) или може да се информирате на официјалната е-маил адреса на Фестивалот ([email protected]).

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.