Вести
Манаки прикажува: Утре почнува Зимското издание на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион
Зимското издание на Мрежата на фестивали од јадранскиот регион, заеднички проект на водечките регионални филмски фестивали (ИФФК „Браќа Манаки“, Сараево филм фестивал, Фестивал на авторски филм Белград, Љубљански меѓународен филмски фестивал, Загреб филм фестивал и Филмски фестивал Херцег Нови), почнува утре (17.01.) со бесплатни проекции на регионални филмови во кината во Битола, Скопје, Сараево, Белград, Загреб и Љубљана.
Во 3Д киното во Центарот за култура во Битола и во кино салата на Кинотека во Скопје во петок, 17. јануари, во 20 часот ќе биде прикажан филмот „Екскурзија“ на режисерката Уна Гуњак. По проекцијата во Кинотека следи разговор со кинематограферот на „Екскурзија“ Матијас Пилц.
