Актуелно
ЈК Травел е новиот стратешки партнер на СОС детско село
Ти летуваш, ЈК ТРАВЕЛ донира за СОС Детско Село.
Од секој уплатен аранжман ќе бидат донирани средства во СОС Детско село за децата кои се згрижени во оваа организација да имаат поквалитетен живот, потенцираа од Агенцијата ЈК Травел кои официјално го потпишаа договорот со СОС Детско село за кампањата „Ти летуваш, ЈК Травел донира“ која ќе трае до 22 јуни 2023 година.
– Секоја донација за нас е важна и потребна за обезбедување на квалитетна грижа и поддршка за 460 деца кои мометално се со подршка од СОС Детско село. Партнерството и соработката со ЈК Травел е показател за агенција со визија за општествена одговорност, така што сите средства ќе бидат наменети за потребите на децата, а сите одвоени средства со купувањето на летен аранжман во Агенцијата, кај нас менува животи, вели Рахела Евтимова, експерт за коорпоративни партнерства од СОС Детско село.





