Актуелно
Донација на Пакомак за секоја лименка и шише
Пакомак ќе донира по 2 денари за секоја лименка или пластично шише одложени во наменски поставената повратна вендинг машина во ОУ Ј. Х. Песталоци. Оваа акција е договорена помеѓу Пакомак и Општина Центар а вчера и официјално беше потпишан меморандум за соработка.
Со цел интензивирање на селекцијата на отпад во основните училишта на територијата на Општина Центар, како и подигање на јавната свест кај најмладата полулација за паметно управување со отпадот, Пакомак за секое шише или лименка кое учениците ќе го одложат во вендинг машинината, ќе донира еден денар за талентирани ученици и уште еден денар за реквизити за училиштето.





