Вести
Љубов или вино: Што значи празникот на 14 февруари за Македонците?
Денешниот ден носи двојна симболика – за некои е празник на љубовта, за други ден посветен на лозарите и традицијата. Иако Свети Валентин сè повеќе се прославува кај младите, Свети Трифун останува длабоко вкоренет кај постарите генерации.
На градските улици владееше мешана атмосфера – кафулињата и рестораните беа украсени со срца и свеќи, додека во винариите се наздравуваше за бериќетна година. Цветните продавници работеа со полна пареа, но некои граѓани останаа рамнодушни кон комерцијалните прослави.
„Не сум тип што слави вакви празници. Ако сакаш некого, покажувај му го тоа секој ден, не само на 14 февруари“, вели Јована, студентка од Скопје.



