Актуелно
„Новак Ѓоковиќ Фондација“ и Скопје заедно за мотивација на спортската иднина
Јавната панел дискусија – дел од програмата „На патот на шампионот“ на „Новак Ѓоковиќ Фондација“ предизвика голем интерес кај присутните, а Кирил Лазаров, проф. д-р Сашко Кедев и Пулексенија Јованоска пред полната сала споделија свои искуства за тоа како кај децата да се зачува мотивацијата за спортување и да се поддржат на најдобар начин.
„Новак Ѓоковиќ Фондација“ верува во детските соништа и посветено работи на својата мисија да ги исполни. Во оваа насока, програмата „На пат на шампионот“, посветена на децата во спортот, нивните родители и тренери, продолжи да се шири во регионот, со цел да им помогне на родителите на децата во спортот на адекватен начин да одговорат на нивните потреби и да ги поддржат низ сите предизвици.
Вчера (11.02.2024 година), пред преполната сала во хотел “Холидеј Ин“, се одржа панел дискусијата со работен наслов „Чиста Мотивација“. Предводени од авторката на програмата и поранешна Фед Куп репрезентативка на Србија во тенис, Ана Јовановиќ, учесници во дискусијата беа најдобриот македонски и светски афирмиран ракометар и актуелен селектор на Ракометната репрезентација на Северна Македонија, Кирил Лазаров, познатиот и истакнат кардиохирург и алпинист проф. д-р Сашко Кедев и олимписката репрезентативка во карате и основач на спортска школа за деца, Пулексенија Јовановска.






