
Актуелно
Невладината организација „Отворена порта“ со јавна панел дискусија на тема „20 години борба против трговија со луѓе“
Невладината органицазија „Отворена порта“ одбележува 20 години од своето основање и активно делување во борбата против трговија со луѓе.
По тој повод здружението организира live stream на официјалната Фејсбук страна „Отворена порта“ на тема „20 години против трговија со луѓе“. Граѓаните ќе можат да ја увидат работата на институциите од изминативе 20 години, да се запознаат со политиките за подобро идентификување и заштита на жртвите, но и со алатките за навремено откривање на ранливоста и едуцирање на пошироката јавност околу оваа проблематика.
Соговорници на јавната панел дискусија ќе бидат Јасмина Димишковска Рајковска, основачка и директорка на „Отворена порта – Ла страда“, Љупчо Маркудов началник на единица за трговија со луѓе и криумчарење мигранти и Светлана Цветковска, претставник на Министерството за труд и социјална политика.


