Актуелно
Одржана завршната конференција за проектот „Балансирано образование за сите, преку физички активности, креативни предизвици и помош во заедницата“
На 23 септември се оддржа завршна Конференција за проектот „Балансирано образование за сите, преку физички активности, креативни предизвици и помош во заедницата, за време на пандемија и пост-пандемија“ реализиран од Здружението за индивидуален, организациски и општествен развој, РАСТ И РАЗВОЈ Скопје, во рамки на програмата за партиципација на УНЕСКО 2022-2023, преку Министерството за култура и Националната Комисија за УНЕСКО.
Целта на овој проект е да се промовира холистички пристап кон растот и развојот на учениците, со нивно мотивирање да ја прошират и збогатат својата дневна рутина преку насочено и менторирано вклучување во реализација на предизвици од три широки категории:
- физичка активност и спорт, што ќе придонесе за развој на нивниот здрав животен стил
- креативни активности, што ќе го развие нивниот креативен потенцијал
- помош кон заедницата, што ќе ги поттикне на оригинален начин да се вклучат во активностите за поддршка во нивните заедици.





