Актуелно
АЕТМ: Помалку од 48 часа за пријавување на најдобрите е-трговци за 2024
Во тек се номинациите за изборот на најдобрите во македонската е-трговија за 2024 година „E-commerce Awards 2024“, кој по четврти пат е во организација на Асоцијацијата за е-трговија на Македонија. Во моментот се пријавени над 180 е-трговци, а остануваат помалку од 48 часа за бесплатно номинирање на е-продавници.
На E-commerce Awards ќе се одбираат најдобрите домашни е-трговци за 2024 година кои ќе се натпреваруваат во 23 категории, поделени во 3 секции. Секоја е-продавница може БЕСПЛАТНО да се пријави во 3 категории во секоја од трите секции. Дел од категориите за кои што можат да се номинираат е-трговците се: „Најпопуларна е-продавница“, „Е-продавница за облека, обувки и модни додатоци“, „Е-трговец со најдобро присуство на социјални медиуми“, „Најдобра новоотворена е-продавница за 2024 година“, „Е-трговец на годината“ итн.