Актуелно
Скопје доби симбол на мирот: Индија подари биста на Махатма Ганди поставена во Музејот на Град Скопје
Во знак на пријателство, почит и заеднички хуманистички вредности, Република Индија му подари на Скопје биста на Махатма Ганди, која беше свечено откриена и поставена во Музејот на Град Скопје.
На церемонијата присуствуваа претседателката на Северна Македонија, Гордана Сиљановска-Давкова, и претседателката на Република Индија, Друпади Мурму, кои ја истакнаа важноста на делото на Ганди и неговото влијание врз светската историја.
Сиљановска-Давкова порача дека новата биста претставува симбол на долгогодишното пријателство меѓу Македонија и Индија, но и потсетник на вредностите што ги споделуваат двата народи – мирот, слободата, достоинството и почитта кон човекот.









