Македонија
Паднато дрво или покрив врз автомобил по невремето – кој ја плаќа штетата?
Силното невреме што вчера ја погоди Македонија, проследено со урагански ветер, пороен дожд, град и електрични празнења, остави зад себе десетици оштетени автомобили, откорнати покриви и паднати дрвја. Во вакви ситуации, многумина се прашуваат дали имаат право на обештетување и кој ја сноси одговорноста.
ЈП „Паркови и зеленило“ не исплаќа оштета ако ветерот надминува 60 километри на час
Од ЈП „Паркови и зеленило“ појаснуваат дека претпријатието надоместува штета од паднати дрвја само кога брзината на ветерот не надминува 60 километри на час.
Доколку ветерот е посилен од оваа граница, настанот се третира како елементарна непогода, а во такви околности претпријатието не исплаќа обештетување.









