Скопје сити мол подаруваше мартинки за „Среќна Баба Марта”
По повод „Среќна Баба Марта” и почетокот на месец март, Скопје Сити Мол, како и секоја година така и оваа го прославува доаѓањето на пролетта и древната традиција на изработката, дарување и носење на мартинки.
Овaa еднодневна активност секогаш буди интерес кај посетителите, каде овој пат над 1000 мартинки беа разделени за помалку од 3 часа од страна на трговскиот центар и од дневниот центар „Доза среќа”.
Изработката и подарувањето мартинки на најблиските е традиција која во Република Северна Македонија се почитува со стотици години. Обичајот за плетење и подарување мартинки е поврзан токму за денешниот ден, први март и е карактеристичен за повеќе балкански држави.





