РСБСП со потсетување за тоа кога и како се користи „ Европски извештај“
„Европскиот извештај – Извештај за сообраќајна незгода“ е образец изготвен од Националното биро за осигурување. Истиот се добива бесплатно од друштвото за осигурување при склучување договор за задолжително осигурување (полиса) и на неговата задна страна содржи упатство за употреба во кое детално се наведени начинот и условите за негово користење.
Многу често возачите се во дилема: „Дали да се повика полиција или да се пополни Европски извештај? Дали, кога и како се користи Европскиот извештај? Прашањето е често пати поставувано, па токму затоа, РСБСП со појаснување за најголемите дилеми на возачите поврзани со Европскиот извештај.
Европски извештај се пополнува само во случај на сообраќајна незгода со мала материјална штета и го пополнуваат учесниците во сообраќајната незгода. Европски извештај не се пополнува во случај на сообраќајна незгода во која има повредени лица, загинати лица и во сообраќајна незгода во која настанала голема материјална штета. Под „мала материјална штета во сообраќајна незгода“ се подразбира штета настаната на објекти и на возила на кои не им се оштетени виталните делови за управување и за запирање, а возилата можат самостојно да се движат по патот.



