Актуелно
Со новото утро се појави и новиот изглед на Жито Лукс
Во облик на златна круна што се создава од житен клас се претстави новото лого на Жито Лукс. Концептот на кој е развиен новиот визуелен идентитет на компанијата, новото лого и новите дизајни на сите пакувања е инспириран од фактот што со секој нов ден започнува и мисијата на доставувачите на свежиот леб кои го будат секој град, село, улица…
Боите во логото и во идната комуникација на брендот се поистоветуваат со волшебната златножолта боја на сонцето како симбол на раѓање на денот и на бојата на лебот како основен прехранбен производ. Динамиката претставена во логотипот ја отсликува желбата на компанијата за постојано движење во насока на позитивни мали и големи промени што дополнително ќе овозможат раст, развој и просперитет.
Енергијата што зрачи од новите пакувања има за цел дополнително да го нагласи врвниот квалитет на производите како предуслов за задоволни и лојални потрошувачи на кои Жито Лукс ќе им биде прв и единствен избор.



