Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Жито Лукс донира 750 килограми брашно во СОС Детско село

Актуелно

Жито Лукс донира 750 килограми брашно во СОС Детско село

Маркетинг

Жито Лукс донира 750 килограми брашно во СОС Детско село

Жито Лукс донираше 750 килограми брашно во СОС Детско село и даруваше новогодишни пакетчиња за децата. Донацијата е според потребите на СОС Детско село и ќе биде распределена во сите семејства од организацијата каде се згрижени децата. На овој начин компанијата одбележа 75 години од своето постоење.

Најголемиот производител на леб и брашно во земјава, со оваа донација продолжува со имплементирање на својата општествено одговорна стратегија која е насочена, пред сѐ, кон социјалните категории и децата.

„Горди сме што цели 75 години сме дел од секојдневието на граѓаните. Создаваме висококвалитетни и разновидни производи, но исто градиме и вредности кои ги пренесуваме со нашата улога во општеството и преку нашата општествена одговорност. Дел од тој ангажиран однос е и донацијата во СОС Детско село, со која веруваме дека ќе помогнеме за подобра снабденост на семејствата, но и за поттикнување на поголема свесност за потребите на социјалните и згрижувачки организации“, истакнуваат од Жито Лукс по повод донацијата.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.