Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Вработените на McDonald’s се соочуваат со отпуштања за време на реструктурирањето на деловната стратегија

Актуелно

Вработените на McDonald’s се соочуваат со отпуштања за време на реструктурирањето на деловната стратегија

Американскиот синџир за брза храна „Мекдоналдс“ (McDonald’s) објави дека неделава привремено ќе ги затвори своите канцеларии во САД и ќе ја намали бројката на административниот персонал.

Ова е дел од планот за реструктурирање на работењето на „Мекдоналдс“. Веста беше објавена во „Волстрит џурнал“, кој известува дека раководството на корпорацијата испрати интерна е-пошта до своите вработени во САД и нивните колеги во странство, побарувајќи од нив да работат од дома за три дена.

На тај начин, „Мекдоналдс“ ќе може да ги извести своите вработени за отказите преку електронска пошта. Во текот на следната недела, „Мекдоналдс“ ќе ги објави клучните одлуки поврзани со бројот на вработени и работните должности во компанијата. Од јануари, синџирот за брза храна најави дека ќе го „преразгледа бројот на вработени“ поради ажурираната деловна стратегија, што може да доведе до отпуштања во некои одделенија и проширување на операциите во други.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.