Вести
Снимка од Меланија Трамп како зборува словенечки стана вирална (ВИДЕО)
Меланија Трамп повторно привлече внимание на социјалните мрежи, откако ретко видео на кое зборува словенечки стана вирално на „ТикТок“. Ова се случи по инаугурацијата на нејзиниот сопруг, Доналд Трамп, како претседател на САД.
Во видеото, кое е дел од интервју од 2000 година, водителот ја прашува дали успехот зависи од среќа.
Меланија одговара: „Мислам дека е така, среќата е да се биде на вистинското место во вистинско време“.
Интервјуто било дел од словенечки документарец, објавен во 2022 година, но сега доби нов живот благодарение на „ТикТок“.



