Актуелно
Започна пријавувањето за велосипедскиот настан за машко здравје „Пуштам БРК, БРКам здравје“ на dm дрогерие маркт
Следејќи ја својата компаниска филозофија која е континуирано насочена кон општествено одговорни проекти, dm дрогерие маркт на 17 ноември (недела) во 11 часот во Градскиот парк во Скопје ќе организира голем велосипедски настан за подигање на свеста за значењето на машкото здравје.
Под слоганот „Пуштам БРК, БРКам здравје“, ќе се одржат три посебни велосипедски активности чија цел е да се поттикне машката популација кон поголема грижа како правење на самопрегледи и редовни лекарски прегледи. Главниот симбол на големото светско движење Movember насочено кон оваа кауза е токму големиот мустаќ кој ќе биде и севкупен знак на настанот на dm дрогерие маркт.
Сите заинтересирани до 10 ноември ќе може да се пријават да возат рута од 100 километри низ Скопје или помала рута од 3,5 километри низ Градскиот парк. Пријавата е веќе отворена на следниот линк и сите што ќе се пријават и ќе дојдат на самиот настан на 17 ноември во 11 часот кога е означен стартот, ќе имаат шанса да добијат и интересни подароци!




