Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

ВНИМАТЕЛНО НА ОДМОР: Грција се пржи на 46°C – аларм поради топлотниот бран

Балкан

ВНИМАТЕЛНО НА ОДМОР: Грција се пржи на 46°C – аларм поради топлотниот бран

Грција се соочува со еден од најинтензивните топлотни бранови во последните години, откако денеска во градот Скала на полуостровот Пелопонез се измерени дури 45,8 степени Целзиусови, објави Националната опсерваторија на Атина.

Во Атина и Пиреја, температурите достигнаа 42 степени, а според проценките на метеоролозите, екстремната жештина ќе продолжи барем до понеделник.

Акропол под клуч поради пеколот

Поради неподносливите жештини, властите решија Акрополот во Атина да остане затворен за посетители во најтоплите часови од денот – од 12 до 17 часот – барем до крајот на викендот. Мерката стапи на сила уште во вторник, како дел од заштитните препораки за граѓаните и туристите.

Маркетинг

Пожари и евакуации – Килкис на удар

Во североисточниот регион Килкис, беснее голем пожар, а домови и бизниси се евакуирани. Властите прогласија состојба на висока тревога во неколку подрачја поради ризик од нови пожари.

Стрес за електроенергетскиот систем

Зголемената употреба на клима уреди го доведува до крајни граници електроенергетскиот систем, кој работи под екстремен притисок. Надлежните ги повикуваат граѓаните на рационална потрошувачка, особено во попладневните часови.

Во 2023 година, Грција го забележа најдолгиот топлотен бран во историјата, со температури над 46°C, што беше и најжешкото лето досега за оваа медитеранска земја.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Балкан

Маркетинг

Трендинг

Маркетинг
Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.