Мобилни
Тивок крадец во домот: Еве што ти ја зголемува сметката за струја без да знаеш!
Во секој дом постои барем еден полнач кој е секогаш вклучен — покрај креветот, на бирото или во кујната. Но иако изгледа безопасно, оваа навика не е толку невина како што изгледа.
Според податоци на Европската агенција за енергетика, во просек 6% од вкупната потрошувачка на електрична енергија во домаќинствата се должи на уреди кои се во „standby“ режим — односно уреди што не се користат активно, но се приклучени во штекер.
Невидлива потрошувачка – крадец на енергија
Терминот „вампирска потрошувачка“ се користи за да се опише токму овој феномен. Дури и кога не полните ништо, полначот продолжува да троши мала количина енергија – најчесто помеѓу 0.1 и 0.5 W на час.




