Актуелно
Билјана Геговска и Филип Белчев се годинашни невеста и зет на 42. Галичка свадба
Билјана Геговска и Филип Белчев се годинашни невеста и зет на 42. Галичка свадба која на 11 и 12 јули ќе се одржи во Галичник во рамки на „Галичко лето 2015“.
– Имавме повеќе кандидати, но Советот на месната заедница Галичник како организатор на манифестацијата се определи за овој пар. Билјана е од Галичник и досега учествувала во многу свадби и спотови за оваа манифестација, рече Митре Аџиевски, претседател на МЗ Галичник.
Инаку, Билјана Геговска има 29 години, е дипломиран правник по професија и е вработена во приватна градежна компанија. Филип, пак, има 26 години и по професија е професор по македонски јазик и во моментов е невработен.



