Актуелно
Миграцијата село – град најголема во Североисточниот регион
Жителите од Североисточниот регион најмногу се иселуваат од село во град, додека во Полошкиот регион се повеќе застапни меѓуселските преселби.
Според податоците од Државниот завод за статистика вообичаено поголем е бројот на преселби од село во град и тука најголемо учество има Североисточниот регион со 40,8 проценти.
Скопскиот регион, пак, во континуитет покажува позитивно миграциско салдо како кај внатрешните, така и кај надворешните миграции.


