Актуелно
Четврти пат по ред Philip Morris International прогласен за најдобар работодавач во Европа и Блискиот Исток
Philip Morris International е прогласен за најдобар работодавач во Европа и во земјите од Блискиот Исток, како признание на одличната работна средина во компанијата, како и исклучителните можности за напредок на вработените.
Признанието за Европа доаѓа четврта година по ред, а првпат за Блискиот Исток, а се доделува од Институтот за најдобри работодавачи (Top Employers Institute), независно оценувачко тело со седиште во Швајцарија.
Деталното истражување спроведено од овој институт ги мереше интерните практики на компаниите во поглед на можностите за развој на кариера, обуки и доедукација, работната средина и условите, како и компензација и бенефити за вработените.



