Поврзи се со нас
Маркетинг

Популарно.мк

Одбиено уште едно барање за притвор од СЈО

Актуелно

Одбиено уште едно барање за притвор од СЈО

Пред судија на претходна постапка, а по претходен договор со обвинителот од Обвинителството за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникации, денеска беше сослушано лицето И.Г. за кого беше поднесен предлог за определување мерка притвор.

Како што денеска соопшти Основниот суд Скопје 1 – Скопје, по негово сослушување во присуство на полномошник, судија на претходна постапка од одделот за Кривично полнолетни донесе одлука со која се одбива предлогот за определување мерка притвор и му определи мерка за претпазливост од член 146 ст. ст.1 т. 6 од ЗКП односно забрана за приближување или воспоставување, односно одржување контакти или врски со определени лица.

Лицето против кое е определен мерката, како и Обвинителството кое ја преддложи мерката, се посочува во соопштението, имаат рок за жалба до овој суд во рок од 24 часа.

Главниот и одговорен уредник на веб порталот Популарно.мк. Ѓорги е перспективен новинар кој со својата креативност и талент го направи Популарно.мк дел од водечките информативни сајтови во Македонија. Во исто време е регионален известувач за CNN од Македонија и главен на продукцијата GPTM Production.

Повеќе од Актуелно

Маркетинг
ДО ВРВ
error: Содржината е заштитена со авторски права.